Поројниот дожд ги поплави улиците, но и неколку куќи

07.05.2018 09:59 | KumanovoNews

Обилните дождови кои вчера попладне го зафатија Куманово предизвикаа поплави на улиците, но и во куќи и дворови.

Поројниот дожд ги поплави улиците, но и неколку куќи

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на телефонскиот број 195 во текот на попладневните часови добиле 4 повика од граѓани кои се пожалија дека им се поплавени семејните куќи, помошните објекти и дворните места, при што побарале помош од надлежните.

Противпожарната единица интервенирала во три случаи од 15 до 17.30 часот, на улиците „Никола Тесла“, „Октомврсика револуција“ и „Цар Самоил“, при вадење вода од подрумските простории. Екипите интервенирале при црпење на водата со пумпи.

Во сите случаи, поради немање на атмосферска канализација водата од улиците се прелеала во дворовите, по што навлегла во објектите.

Во текот на ноќтта немало интервенции.

                                                       (Фото: поплавена улицата Јоско Илиевски) 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk