Поројните дождови предизвикаа поплави

23.11.2010 15:35 | KumanovoNews

Педесетина куќи и викендици во селата Довезенце и Јачинце, и педесетина хектари обработливо земјиште се поплавени од излевањето на Крива Река, по силното невреме што синоќа го зафати кумановскиот крај.

Поројните дождови предизвикаа поплави

 Нивото на водат било над 80 сантиметри и предизвикала големи оштетувања на куќите и помошните простории во селата.
Реката  Липковка кај селото Доброшане  се излеала и поплавила поголема површина ниви посеани со житарица. Зголемениот водостојот на реката Липковка не претставува опасност за жителите на  населбата Средорек. Во раните утрински часови нивото на водата изнесувала 120 см , по што паднал на еден метар.

Во Липковско од поројните дождови поплавени се патиштита и неколку куќи во селото Опае.

Во текот на ноќата од ЕВН регистрирале помали дефекти во ниско-напонската мрежа, но немало пријави за прекин на електричната енергија. Од Региналниот центар за управување со кризи информираат дека во последните 24 часа на подрачјето на Општина Куманово паднале 38 литри дожд на метар квадратен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk