Поројните дождови штетни за житариците

20.06.2014 07:52 | KumanovoNews

Обилните врнежи од дожд кои паднаа последниве денови се штетни за житните култури и можат да доведат до нивно уништување.

Поројните дождови штетни за житариците

Доколку и во наредните денови врне ќе дојде до полегнување на житата и уништување на зрната.

- Јачменот околу 15 јули треба да се жнее, пченицата сега оформува клас и ако продолжи дождливото време ќе  дојде до полегнување и одронување на зрната. За промена потребно е да има неколку сончеви денови. Дождот е корисен и добредојден, но во умерени количини. Во кумановско засега житата се добри и се очекува да имаат добар принос - вели Живка Наумова, директор на Агенција за поддршка на развојот на земјоделството.

Од друга страна дождот е поволен за овошките, лозјата и полјоделските култури, но ако влагата се задржи подолго можна е појава на штетници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk