Портретите на Агрон Салиу во Куманово

06.07.2016 08:54 | KumanovoNews

Во изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 20 часот ќе биде отворена изожба на портрети на ликовниот уметник Агрон Салиу.

Портретите на Агрон Салиу во Куманово

Агрон Салиу е роден 1984 во Тетово. Дипломирал на Тетовскиот универзитет на Факултетот за ликовна уметност – отсек сликарство во класата на проф. Илиријан Бекири. Самостојни изложби реализирал во Скопје, Тетово, Париз, Берлин, Кичево, Куманово, Виена, Сараево и Загреб. Учествувал и во повеќе групни изложби и проекти а за својата работа има добиено повеќе награди, сертификати и признанија.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 21 јули годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk