Посебен додаток за глувонемите лица

16.10.2013 11:42 | KumanovoNews

 Над 100 кумановци ќе аплицираат за добивање на посебен додаток за глувонеми кој треба да стартува по Нова година и ќе изнесува 4000 денари месечно.

Посебен додаток за глувонемите лица

Услов е овие граѓани да бидат 100 отсто глувонеми за да добиваат помош од државата.

Сите кои се постари од 26 години и се целосно глувонеми ќе можат да аплицираат за да добиваат посебен додаток без разлика дали се вработени или не.  Значи ќе можат да работат, да земаат плата, плус додаток. Помладите, оние до 26 години веќе добиваат додаток од државата - велат од Здружение на глуви и наглуви Куманово.

Глувонемите кои ќе аплицираат за посебен додаток ќе мора да поминат на комисија, односно со специјалистички наод ќе се утврди степенот на инвалидитет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk