Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СВР Куманово ќе спроведе посебен режим на сообраќајот за време на прославата на 2 август во меморијалниот центар Пелинце.
Се апелира до граѓаните кои ќе присуствуваат на прославата во Пелинце да пристигнат до 10 часот, бидејќи поради пристигнувањето на ВИП гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите моторни возила на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
Од возачите се бара заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи.
Полицијата ги потсетува граѓаните да внимаваат каде палат огин за да не дојде до пожар поради високите темпрератури.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk