Посебен режим на сообраќај на влезот во градот

06.09.2019 11:10 | KumanovoNews

Пренасочување на сообраќајот на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Трета МУБ“, ќе има до изградбата на кружен тек на влезот на градот, соопштуваат од Општина Куманово.

Посебен режим на сообраќај на влезот во градот

„Оваа недела започнаа градежните работи на крстосницата на улиците „11 Октомври“ и „Трета МУБ“, за изградба на кружен тек на влезот во Куманово. Поради тоа ќе има континуирано пренасочување на сообраќјот со соодветна ветрикална и хоризонтална сигнализација“, - соопштуваат од Општина Куманово.

Од таму апелираат до граѓаните да се прилагодат и да придржуваат на новонастанатата сообраќајна состојба во наредниот период, односно до завршување на изградбата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk