Посебен режим на сообраќај на Втори Август

29.07.2011 14:04 | KumanovoNews

 СВР Куманово ги известува граѓаните дека на денот на прославувањето на Илинден во селото Пелинце ќе биде воведен посебен режим во сообраќајот, поради големиот број на гости кои се очекува да пристигнат.

Посебен режим на сообраќај на Втори Август

Граѓаните во меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат најдоцна до 12 часот, бидејќи поради присуство на ВИП гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и припуштање на службените возила со првенство на минување. Заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи - се вели во соопштението од СВР Куманово.

Истовремено апелираат,  поради високите температури во овој период од годината, граѓаните кои ќе присуствуваат на манифестацијата да ги превземат сите мерки да не дојде до настанување на пожари.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk