Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На прославата по повод одбележување на 70 години од Првото заседание на АСНОМ, на пристапните патишта до меморијалниот центар Пелинце во сабота ќе има посебен сообраќаен режим.
Сите граѓани кои ќе присуствуваат на манифестацијата треба до 10 часот да пристигнат во Пелинце, бидејќи официјалниот почеток на прославата е закажан за 11 часот.
- Поради присуство на ВИП гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување. Заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи. Поради високите температури, граѓаните кои ќе присуствуваат во Меморијалниот центар да ги преземат сите превентивни мерки да не дојде до евентуално настанување на пожари - стои во соопштението од СВР Куманово.
Од СВР Куманово на граѓаните им го честитаат големиот национален празник Илинден и ги повикуваат на заедничка прослава во Пелинце.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk