Посебен режим на сообраќај поради велосипедски трки во Куманово

21.07.2025 13:35 | KumanovoNews

Поради одржување на велосипедски трки, на улиците во Куманово и на регионалниот пат кон Старо Нагоричане, од денеска до четрвток ќе има посебен режим на сообраќај.

Посебен режим на сообраќај поради велосипедски трки во Куманово

Секторот за внатрешни работи Куманово ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри во Општина Старо Нагоричане е воведен посебен сообраќаен режим и тоа во понеделник (21.07.2025) од 08.00 до 14.00 часот, вторник (22.07.2025) од 08.00 до 16.00 часот, среда (23.07.2025) од 09.00 до 14.00 часот и четврток (24.07.2025) од 09.00 до 14.00 часот. 

"Исто така, на подрачјето во село Доброшане ќе биде воведен посебен сообраќаен режим и тоа во вторник (22.07.2025) и среда (23.07.2025) од 08.00 до 17.00 часот, а во Куманово, на дел од булеварите „Трета македонска ударна бригада“ и „Октомвриска револуција“ сообраќајот ќе биде запрен во четврток (24.07.2025) од 05.00 до 14.00 часот. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.

Натпреварите се дел од Европските младински игри во Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk