Посетата на министерот ги одложи судењата

13.04.2011 07:24 | KumanovoNews

 Основниот суд Куманово, вчера не работеше до пладне бидејќи во посета беше министерот за правда Михајло Маневски.

Посетата на министерот ги одложи судењата

Исчистени, изветрени и празни беа судските ходници, кои обично се загушливи и врие од странки, адвокати и граѓани кои чекаат да завршат некоја работа. Според информации од Судот, вработените добиле наредба сите да дојдат на работа, а судските полицајци да не ги пуштаат граѓаните во зградата до 12 часот. Да заврши посетата на високиот гостин чекаше и еден затвореник кој со комби беше спроведен од затворот Идризово. Сите судењата предпладне без одложени, на што негодуваа адвокатите. Покрај министерот Маневски на свеченоста по повод реновирањето на дел од судската зграда, присуствуваа и претседателите од Апелационите судови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk