Поскапеа горивата за околу два денари по литар

05.03.2019 11:00 | KumanovoNews

Регулаторната комисија за енергетика ги определи новите цени на нафтените деривати и од полноќ бензините поскапea за околу два денари по литар.

Поскапеа горивата за околу два денари по литар

Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 64,5 денари, а литар Еуросупер БС-98 се продава по 66,5 денари. За литар Еуродизел (Д-Е V) се плаќа 61 литар, а екстра лесното масло за домаќнство (ЕЛ-1) по 49,5 денари.

За 0,619 денари се зголемува цената на мазутот М-1 HC и килограм од тој енергенс ќе чини 32,847 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемени за 2,24 проценти, додека зголемувањето на рафинериските цени е 3,64 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката за новите цени на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk