Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизелот поскапуваат за 3 денари, а на бензинот за 2 денари.
Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 да се зголемат за 2 ден/лит. и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64 ден/лит., додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3 ден/лит. и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50 ден/лит., додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,419 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 20,883 ден/кг.
Со оваа Одлука се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 8,98%, односно за 5,64% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија од 16.05.2016 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk