Поскапуваат бензините и дизелот

22.01.2018 12:20 | KumanovoNews

  Литар Еуросупер БС- 95 и 98, дизелот и екстралесното масло за домаќинство поскапуваат за денар. Истовремено килограм мазаут поскапува за половина денар.

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,71%. Од полноќ, литар Еуросупер БС- 95 и 98, дизелот и ектралесното масло за домаќинство поскапуваат за денар. Истовремено килограм мазаут поскапува за половина денар.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на Еуродизелот изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,00 ден/лит.

Причина за корекциите се растот на берзанската цена на суровата нафта во изминатите 14 дена за 4,54%,како и понискиот курс на доларот во однос на денарот за 1,44%.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk