Поскапуваат бензините и дизелот

18.05.2020 12:05 | KumanovoNews

Регулаторната комисија за енергетика информира дека од вечер на полноќ поскапуваат нафтените деривати во просек за 3,56 проценти.

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 57,00 ден/лит.

Цената на  Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар и од вечерва на полноќ дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 47,00 ден/лит, додека малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,329 ден/кг и ќе изнесува 19,498 ден/кг.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk