Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС - 95 е 75,5 денари за литар, Еуросупер БС - 98 ќе се продава за 77,5, а Еуродизел БС (Д-Е V) за 72,5 денари за литар. Малопродажната цена, пак, на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) не се менува и останува 69,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,806 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,621 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk