Поскапуваат бензините и дизелот

15.06.2026 14:28 | KumanovoNews

Нова одлука за цените на горивата, со која од полноќ се зголемуваат цените на бензините и дизелот, додека намалување има кај екстра лесното масло за домаќинство и мазутот, донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

 

Поскапуваат бензините и дизелот

Според одлуката, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 1,50 денари по литар и отсега ќе се продава по 87,50 денари за литар. Кај ЕУРОСУПЕР БС-98, цената се зголемува за 2 денари по литар, па новата цена изнесува 90 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари по литар, со што дизелот ќе се продава по 87,50 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за 2,50 денари по литар, а новата цена ќе биде 86,50 денари за литар. Намалување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се намалува за 1,074 денари по килограм, па новата цена ќе изнесува 46,223 денари за килограм.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk