Поскапуваат бензинот и дизел горивото

30.01.2023 17:02 | KumanovoNews

Вечерва по полноќ поскапуваат горивата, бензините за 1 денар за литар, а дизелот за половина денар.

Поскапуваат бензинот и дизел горивото

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека со нејзината одлука  се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,5 отсто. Од вечерва по полноќ максималните цени во малопродажбата ќе изнесуваат:

- Моторен бензин Еуросупер БС - 95               84,00  (денари/литар)
- Моторен бензин Еуросупер БС –98               86,00  (денари/литар)
- Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)              84,50  (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)       82,50  (денари/литар)
- Мазут М-1 НС                                                  41,346(денари/килограм)

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,344 отсто, кај дизелот за 1,201 и кај мазутот за околу 1,362 отсто, додека намалување во просек за 0,948 отсто има кај екстра лесното масло за домаќинството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk