Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемени за 0,50 денари за литар, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 53,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува 68,50 ден/лит.
За еден денар поскапува Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 42,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари и килограм ќе чини 27,845 денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk