Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи во недела на 19 октомври.
Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори.
СДСМ и коалицијата својата програма ќе ја претстават во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово и Куманово.
Караванот „За нашиот дом“, во 20 часот ќе биде на Градскиот плоштад во Куманово.
Демократската партија на Србите во Македонија својот завршен митинг ќе го одржи во населбата Карпош, во 18.30 часот кај крстот.
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, пак, ќе ја претстави својата програма на завршен митинг во Куманово, во Центарот за култура со почеток во 18 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk