Последен ден за проверка на електронските даночни пријави

31.05.2019 09:25 | KumanovoNews

 Денеска е последен ден од рокот за проверка на пресметката за годишната даночна пријава за УЈП.

Последен ден за проверка на електронските даночни пријави

До крајот на денов даночните обврзници можат да ги потврдат пријавите или да извршат корекција, ако сметаат дека внесените податоци не се точни. По истекот на рокот, пријавите ќе добијат статус на конечни даночни пријави.

Годинава, за прв пат поднесувањето на пријавите оди електронски на ујп.мк. Ќе се отвори прозорец во кој треба да ги внесете податоците (корисничко име и лозинка) коишто ги употребивте при регистрација на профилот.

Потоа ќе можете да го погледнете формуларот со пресметките, како и да извршите евентуални корекции на вредностите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk