Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поставени се бекатон плочки на вториот крак на улицата „Никола Вапцаров„.
Со тоа целосно е завршена санацијата на оваа улица, како дел од проектот за регулирање на постоечката патна инфраструктура и рехабилитација на горниот слој на коловозните патеки.
Отпочнуваме со имплеметација на проектите кои се зацртани од Советот на општината. Денеска го пуштаме во употреба вториот крак од „Никола Вапцаров“, со површина од 650 метри квадратни, 250 метри квадратни ивичњаци, - изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово.
Во овој дел од градот, поточно зад градскиот стадин, поставена е и канализациона мрежа во должина од три ипол километри.
Надлежните најавуваат дека за десетина дена треба да се отпочне со обнова на улицата Црнотравска.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk