Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поставени се бекатон плочки на улицата “Прохор Пчински„, која се наоѓа во центарот на градот, во близина стара црква.
Улицата е реконструирана во должина од 140 метри, а широчина од 3-4 метри.
„Улицата се наоѓа во старото градско јадро. Зафаќа површина од 460 метри квадратни за што се потрошени околу 460.000 денари. Реконструкцијата е дел од тековното одржување на постоечката инфраструктура во градот, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, на денешното свечено пуштање во употреба.
Жителите се задоволни што после толку време повеќе нема да газат кал.
„Јас тука живејам 20 години и имавме голем проблем кога паѓаше дожд, бидејќи се создаваа големи вирови вода и едвај се поминуваше. Сега сме задоволни, бидејќи се најде начин и сретства и ние да излеземе на улица со чисти чевли, - изјави една кумановка.
Со програмата за реконструкција на патната инфраструктура во наредниот период ќе бидат опфатени улиците „6 Април“ и „30 Јули“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk