Поставен видео надзор во бањата Стрновац

08.07.2015 11:25 | KumanovoNews

Во бањата Стрновац од неодамна е поставен видео надзор, информираат од комуналното претпријатије “Козјак“ од општина Старо Нагоричане.

Поставен видео надзор во бањата Стрновац

Видео надзорот функционира 24 часа, и ќе придонесе за поголема совесност на посетителите.

“Веќе дваесетина дена функционира видео надзорот. Поставен е за да се има поголема контрола кој се влегува, да нема проблеми, оштетувања“- вели Борко Соколовиќ, директор на “Козјак“.

Соколовиќ објаснува дека во работни денови во просек имаат по 80 капачи, а за време на викенди бањата ја посетуваат над 100 луѓе.   

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk