Поставена е нова урбана опрема на Градскиот кеј во Куманово

02.11.2023 18:13 | Сузана Николиќ

На Градскиот кеј во Куманово денеска е поставена нова урбана опрема. Клупите и новите кантички за смет се изработени од  бетон, метал и дрво, заради поголема трајност и отпорност од оштетување и уништување.

Поставена е нова урбана опрема на Градскиот кеј во Куманово

Се најавува дека вака урбана опрема ќе се постави и на други локации во градот.

„Апелирам до сите граѓани, да го чувствуваат и чуваат јавниот имот како свој, бидејќи тој е наменет за сите нас, а воедно да го пријавуваат и осудуваат вандалското и несовесно однесување на поединци кои постојано го уништуваат. Верувам дека единствено со заеднички заложби можеме целосно да го заштитиме нашиот заеднички имот“, повика градоначалникот Максим Димитриевски.

Урбаната опрема е постојано на мета на вандали во градот, поради што се трошат значителни средства за нејзина замена. Граѓаните бараат насилниците да се казнат, а опремата да се заштити од надлежните служби или да се постави видео надзор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk