Поставена заштитна ограда на мостот во Бедиње

15.06.2015 13:50 | KumanovoNews

Поставена е заштитна ограба на надвозникот на автопатот Куманово-Табановце во населбата Бедиње, која неодамна беше оштетена во сообраќајна несреќа.

Поставена заштитна ограда на мостот во Бедиње

Од секторот за урбанизам во општина Куманово објаснуваат дека е употребена стара и нова ограда, за што се потрошени 500 евра.

Бидејќи интервентно мораше да се работи, спроведена е постапка до 500 евра. Поставена  е делумно стара, делумно нова ограда, околу 8 метри е зајакната. Финансиските средства за овој дел се 30 илјади денари, бидејќи согласно законот максимална вредност што може да се издвои со понуда е 30 илјади денари. Оградата е заварена, поставена, а  цело време од страна на МВР имаше сообраќајна полиција и заштита соодветна за да се не случи некој повторно да падне од мостот. Од страна нивна имаше 24 часовно обезбедување, а сега се повлечени - вели Момчило Јовановски, помошник раководител во сектор за урбанизам во општина Куманово.

Изведувач беше КООП Инженеринг од Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk