Поставени 300 вреќи со песок на „Никола Тесла“

29.01.2015 14:45 | KumanovoNews

Околу 300 вреќи со песок се поставени на две локации на улица „Никола Тесла“, информираат од Општинскиот кризен штаб.

Поставени 300 вреќи со песок на „Никола Тесла“

Истовремено на повеќе локации се чистат речните корита за заштита од поплави во претстојниот викенд.

Се чисти реката Којнарка кај селото Доброшане и кај Митев мост. Во село Довезенце се прават насипи и се прави продлабочување на речното корито, како и во село Пелинце. Екипите интензивно ќе работат и во наредните денови - велат од Општинскиот кризен штаб.

Циклонот „Давид“ кој ќе ја зафати Македонија во петок попладне ќе донесе обилни врнежи и невреме.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk