Поставени нови семафори кај Туш

18.04.2015 10:52 | KumanovoNews

 Нови семафори од завчера се поставени на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Ѓорче Петров“.

Поставени нови семафори кај Туш

Семафорите неколку месеци не беа во функција, откако во јануари силен ветер откорна еден од столбовите на кој беше закачен семафорот.

Од општината Куманово информираа дека најдоцна до крајот на месецов ќе се постави вертикална сообраќајна сигнализација и на раскрсницата помеѓу „Октомвриска револуција„ и улицата „Пионерска„, со што ќе се реши долгогодишниот проблем за побезбедно одвивање на сообраќајот на булеварот „Октомвриска револуција„.

Фирмата Електрософт од Скопје, ќе ги изведува работите,  а планирано е да се издвојат 5 милиони и  двесте илјади денари за таа намена.

Надлежните сметаат дека со поставувањето на новите семафори по булеварот значително ќе подобри и регулираа сообраќајот во тој дел на градот, но ги повикаа возачите и пешаците повеќе да ги почитуваат сообраќајните знаци и да ја прилагодат брзината на возилата според условите на патот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk