Поставени семафори на крстосницата кај спортската сала

08.08.2018 11:45 | KumanovoNews

Нови семафори се поставени на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Пиринска Македонија“, кај спортската сала Куманово.

Поставени семафори на крстосницата кај спортската сала

За оваа намена Општина Куманово потроши 3.95 милиони денари, од програмата за поставување на комунална инфраструктура.

– Се надевам дека со новите семафори ќе зголеми безбедноста на граѓаните во сообраќајот, во овој дел од градот. Апелирам до возачите и пешаците да ја почитуваат сообраќајната сигнализација првенствено заради сопствената безбедност, а потоа и да не биде попусто поставувањето на семафорите - изјави Момчило Јовановски од секторот за урбанизам.

 Оваа крстосница е „црна точка“ на булеварот „Октомвриска револуција“, поради големата фрекфенција на луѓе и возила, спортските терени, угостителските објекти и Градскиот кеј.

Несовесните возачи возат како на рели трки, поради што се случуваат многу сообраќајни несреќи со фатални последици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk