Постепено затоплување и зголемување на дневната температура

28.07.2017 16:15 | KumanovoNews

Денеска на повеќе места ќе дува засилен северозападен ветер кој ќе биде поизразен долж Повардарието, источните делови како и во Скопската котлина  и на моменти ќе достигнува брзина од околу 60 км/час.

Постепено затоплување и зголемување на дневната температура

Од утре следува период на стабилно, сончево и се потопло време со постепен пораст на дневната температура. Најтопло се очекува да биде кон средината на следната работна седмица, кога дневната темпертура на воздухот ќе достигне до 40 степени.

УВ индексот ќе има многу висока вредност 9. Со зголемувањето на температурите на воздухот се зголемува опасноста за појава на шумски пожари. Во недела и понеделник попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk