Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Просторот пред Aвтобуската станица во Куманово од неодамна е исчистен и се користи како стојалиште за патници во градскиот и приградскиот линиски превоз.
Досега просторот беше запуштен и узурпиран за паркирање на автомобили, поради што патниците чекаа и излегува од автобус на улицата „Доне Божинов“, што беше небезбедно како за патниците така и за другите учесници во сообраќајот.
"Општина Куманово во соработка со превозниците го исчисти местото од паркирани автомобили. Поставени се две рампи со кои се контролира влезот и излезот. Сега се пропуштаат само возила на јавниот линиски превоз. Уредувањето ќе продолжи откако ќе се избере фирма на распишаниот тендер, која ќе ги изработи унифицирани постојки во градот“, изјави Момчило Јовановски, раководител во одделението за комунални работи.
Советот на Општина Куманово уште во мај донесе одлука за давање на согласност за управување на времено автобуско стојалиште, откако имало бројни реакции од граѓаните и родители на ученици, поради несоодветните услови за користење на автобусите на линиите со број 2, 5 и 13.
По ова општината обезбеди техничката документација, сообраќаен проект со дефинирана хоризонтална и вертикална сигнализација и сообраќајно уредување, како и согласност од МВР.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk