Посвежо време со северен ветер, повремен дожд и снег

11.03.2017 12:16 | KumanovoNews

Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините со локален снег.

Посвежо време со северен ветер, повремен дожд и снег

На повеќе места ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во следните денови поради спуштање на постудени воздушни маси од север, ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со умерен северен ветер. До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на некои повисоки места и на планините слаб снег.

Утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Кон вечерните часови снег може да се очекува и во некои места над 800 метри надморска височина. Ќе се формира и помала снежна покривка.

Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни и ќе бидат во интервал од 3-4 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 6 до 14 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk