Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за образование и наука го потпиша договорот со фирмата „Хоџа Инженеринг“ од Куманово, за изградба на средното училиште „Сами Фрашери“ во Куманово.
Вредноста на проектот е над 317,200 милиони денари или над 5 милиони евра и треба да се заврши за 24 месеци.
Во новото училишна зграда ќе се сместат Гимназијата „Сами Фрашери“ и Техничкото училиште „Наце Буѓони“, за учениците кои посетуваат настава на албански јазик, а ќе се гради во населбата Бедиње, во дворот на поранешената касарна, зад Тетовскиот универзитет и Средното економско училиште „Перо Наков“. Вкупната површина на објектот е 7.400 м2.
Планот предвидува објектот да биде на 4 нивоа: подрум, приземје и 2 ката, со по 10 училници на секој кат за по 30 ученика, наставнички канцеларии, училишна библиотека и 16 кабинети, лифт. Капацитетот на училиштето ќе биде за 1.200 ученика. Во дворот ќе има 67 паркинг места и спортски терени.
Учениците од овие две училишта сега учат во зградата на поранешен ЗИК во несоодветни простории, откако пред дваесетина години ги напуштија матичните училишта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk