Потписи за подршка на лицата со попреченост во Куманово

25.04.2017 06:57 | KumanovoNews

Граѓаните на Куманово, од денеска до петок ќе имаат можност да дадат подршка на родителите на децата со посебни потреби на Градскиот плоштад во Куманово. 

Потписи за подршка на лицата со попреченост во Куманово

Акцијата за собирање на потписи ќе започнува напладне а ќе трае до 17 часот.

Петицијата предвидува измена на одредени закони и законски акти за да се подобри здравствената заштита и сместувањето на лицата со попреченост и одредени олеснувања за нивните родители.

Родителите треба да соберат 10.000 потписи, кои потоа ќе ги достават до ресорните министерства. Собирањето на потписи за подршка на лицата со попреченост и нивните родители започна минатата недела во Скопје, а се прошири и во останатите градови во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk