Потписи собраа еден кандидат за градоначалник и пет носители на листи за советници во Куманово, Нагоричане и Липково

31.08.2021 06:20 | Сузана Николиќ

Kандидатoт за градоначалник Максим Димитриевки и пет носители на листи за советници ги собраа потребните потписи во канцеларијата на подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК)  во Куманово или на нотар , за учество на локалните избори на 17 октомври.

Потписи собраа еден кандидат за градоначалник и пет носители на листи за советници во Куманово, Нагоричане и Липково

Градоначалникот Димитриевки синоќа објави дека ја доставил кандидатурата до ДИК, заблагодарувајќи се на поддршката на граѓаните.

„Вечерва ги затворивме листите за кандидати за градоначалник и советничката листа „За наше Куманово“ со голема граѓанска поддршка од над 1250 потписи”, изјави Димитриевски.

Потписи за независни листи на советници собраа носителите :

Милош Стаменковиќ - „Фронт“ листа на кандидати за Совет на Oпштина Куманово

Сузана Ѓорѓевиќ - „За чисто и хумано Куманово“ листа на кандидати за Совет на Oпштина Куманово

Ивана Ѓорѓиевска - „За наше Куманово“ листа на кандидати за Совет на Oпштина Куманово

Бојан Трајковски - листа на кандидати за Совет на Oпштина Старо Нагоричане

Абдула Реџепи - листа на кандидати за Совет на Oпштина Липково.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk