Потребна помош за трансплантација на црн дроб

08.04.2016 15:05 | KumanovoNews

 Повеќе од 100.000 евра се потребни за трансплантација на црн дроб на седугодишно момче од населбата „Иго Тричковиќ“.

Потребна помош за трансплантација на црн дроб

Александар Додевски боледува од цироза, а операцијата треба да се изврши под итно, бидејќи болеста брзо напредува и постои опасност да ги оштети останатите витални органи.

„Лекарите рекоа дека е потребна брза интервенција за да можеме да се спаси јетрата, за да не настане влошување на состојбата.Бубрезите веќе се многу зголемени, може да дојде и до нивно откажување“,-  вели Јасмина Додевска, мајка на Александар.

Јасмина е самохрана мајка со три малолетни деца. Живее со 13.000 денари социјална помош по основ на додаток на децата. Таа нема начин да ги обезбеди потребните пари. Затоа апелира до хуманите граѓани, невладините организации, бизнисмените, политичките партии и државата да и помогнат да го спаси детето.

„Јас финансиски не сум во можност да обезбедам голема сума на пари. Како што сум информирана станува збор за околу 100.000 евра, што јас самата ги немам тие средства. Затоа ги молам граѓаните кои се во можност да ми помогнат“, - додава Додевска.

Од јули минатата година трае битката на лекарите со опаката болест на второоделенецот. Последните испитувања покажале дека таа го совладува младиот организам, поради што е потребна итна операција во странство.

 Мајката целата документација ќе ја достави до Фондот за здравствено осигурување, од каде очекува да ги покријат трошоците за сложената операција. Но потребни се сретства за патување и престој. Покрај Александар, истата дијагноза ја има и неговата една година постара сестричка, но болеста не е толку напредната. Јасмина не работи бидејќи мора да е грижи за здравјето на децата.

Сите кои сакаат да помогнат на семејството Додевски:

Централна кооперативна банка- АД Скопје, денарска сметка

ж.с. сметка        320500025832633

                   Јасмина Додевска

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk