Потребни 300 заменски наставници за Липково

23.01.2015 08:40 | KumanovoNews

Се бараат 300 заменски наставници кои би работеле на место на штрајкувачите, во училиштата во општина Липково.

Потребни 300 заменски наставници за Липково

Сите училишта во општина Липково, со исклучок на Гимназијата “Исмет Јашари“ која не е зачленета во синдикат, се во штрајк.

“Доставен е список до градоначалникот, за да се даде согласност за заменски наставници. Додека трае штрајкот, наставниците одат на работа и седат во своите канцеларии. Има реакции од родителите кои бараат да се прекине штрајкот и барањата на професорите да се решаваат со разговор. Тоа не го направиле колективно, туку индивидуално сметаат дека децата треба да продолжат со настава“ - рече Џевдет Рахмани, одговорен за образование во општина Липково.

Од вторникот просветните работници во општините Куманово и Липково почнаа со штрајк,  со барања за укинување на казните од екстерно и зголемување на платите за 25 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk