Потребни работници за изградба на автопат

20.08.2013 12:58 | KumanovoNews

Центарот за вработување Куманово бара 250 работници за изградба на автопатот Демир Капија - Смоквица.

Потребни работници за изградба на автопат

Потребни се 100 ѕидарo - тесари, 50 армирачи, 20 кранисти, 10 помошници на кранисти, помошници армирачи и слично.

 Апликантите треба да имаат седум години работно искуство и да се водат како активни баратели на работа. Сместување е обезбедено во населба лоцирана на потегот Демир Капија - Смоквица , најверојатно ќе бидат тоа бараки и кампови. Има исхрана, топол оброк за работниците како и организиран превоз до местото каде се работи и назад. Сите заинтересирани во петок во  Центарот за вработување Куманово треба да се појават во соба број 15 каде ќе се сретнат со работодавачот кој ќе им даде подетални информации - изјави Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.

Дел од регистрираните невработени од споменатите профили веќе се информирани телефонски за огласот.

За работниците е обезбедена солидна плата, а ќе биде платена и прекувремената работа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk