Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ариф Љатифи (5) од Куманово боледува од аутизам и алалија - заболување со потполно отсуство на говор.
Надеж за подобрување на состојбата дава третман со матични клетки во болница во Турција, но семејството Љатифи не е во можност само да ги обезбеди потребните финасиски средства и да ги покрие трошоците неопходни за спроведување на терапија, која веруваат дека ќе му помогне на нивниот син.
„Поради тешкото породување Ариф остана без килсород и беше реанимиран неколку минути. Како последица на неодостатокот од кислород има парализа на дената рака, последните три прста му се неподвижни и се уште носи памперс. Иако не зборува, знае да покаже што сака и ги препознава членовите на семејството. Затоа и се надеваме дека со третманот ќе има подобрување на состојбата и дека барем дел од лековите што сега ги прима ќе ги исфрлиме. Терапијата е најделотворна до 7 години и затоа немaме многу време за губење“, вели мајката Габриела Љатифи.
Тие неколкупати биле на терапија во Турција и има извесно подобрување на здравствената состојба, но семејството веќе не е финасиски моќно да го плаќа скапото лекување на детето. Тие имаат уште четири дечиња.
Семејството ги повикуваа сите хумани луѓе кои се во можност да донираат на бројот 143 104 на Телеком или на наменската сметка 240557015755522 во Уни Банка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk