Потрошени вакцините против сезонски грип

13.11.2014 11:43 | KumanovoNews

Поради голем интерес, за две недели од почетокот на вакцинацијата, потрошени се вакцините против сезонски грип.

Потрошени вакцините против сезонски грип

Од Центарот за јавно здравје Куманово велат дека освен возрасните граѓани, оваа сезона се вакцинирале и младите.

“Набавивме 1500 вакцини против сезонски грип. Имаше голем интерес во текот на оваа година и тоа можеме да забележиме дека и кај помладата популација се зголемува интересот. Дополнителни количини оваа година не може да се набават. За следната година очекуваме да бидат набавени поголеми количини“ - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центар за јавно здравје Куманово.

Центарот за јавно здравје Куманово, последнава недела регистрирал само 6 болни од грип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk