Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги потсетува земјоделците - сточари дека во тек е јавен повик за набака на силоси за сточна храна со капацитет до 25 тони од мерката за модернизација на земјоделски стопанства.
„Средствата се наменети за инвестиции за набавка на силоси за житни и индустриски зрнести култури (јачмен, овес, ‘рж, тритикале и пченка) во сточарството со максимален капацитет од 25 тони, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Ваков јавен повик се објавува за прв пат и има за цел да им помогнеме на сточарите да ги зголемат складишните капацитети за сточна храна. Максималната кофинансирана вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.9 изнесува еден милион денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво“, информира Министерството.
Барателите на финансиска поддршка за овој јавен повик треба да го исполнат единствениот критериум наведен во јавниот повик, a тоа е да се регистрирани земјоделци - сточари со регистрирано одгледувалиште во Агенција за храна и ветеринарство и истото запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.
Заинтересираните можат да аплицираат до 20 мај 2022 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk