Потврдите за неосудуваност ќе се вадат онлајн

26.04.2025 12:56 | KumanovoNews

Потврдите за неосудуваност од основните судови, односно Уверението од кривична евиденција за физички лица и Уверението од кривична евиденција за правни лица, отсега може да се вадат онлајн, преку Националниот портал за електронски услуги  uslugi.gov.mk. 

Потврдите за неосудуваност ќе се вадат онлајн

„Ова е значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за граѓаните. На Националниот портал за електронски услуги од денес се достапни две нови, долго очекувани услуги од Основните судови“, рече денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

Министерот додаде дека станува збор за најкористените тековни услуги од основните судови, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.

„Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури“, кажа Андоновски.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk