Повеќе институции на еден шалтер

17.06.2015 09:22 | KumanovoNews

Во Агенцијата за вработување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, ФЗОМ,  Управен суд, Агенција за катастар, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и други, oд декември годинава, граѓаните најголем дел од услугите ќе ги добиваат на еден шалтер.

Повеќе институции на еден шалтер

Владата на изминатата седница одобри дваесет услуги што институциите ќе ги добијат по електронски пат, со што граѓаните нема одат од шалтер на шалтер, од институција до институција. Со овие дополнителни дваесет услуги, граѓаните ќе можат 99 отсто од услугите што ги добиваат од државните институции да ги добиваат на еден шалтер.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk