Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Управата за јавни приходи повеќе нема да доставува решенија за наплата на радиодифузна такса.
Согласно Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со доставата на решенијата за септември 2017 година, УЈП ќе прекине со достава на решениија за оваа јавна давачка, - стои во соопштението.
Граѓаните и фирмите имаат обврска да извршат плаќање на сите заостанати долгови од јанури 2011 година до септември 2017 година.
За сите специфични случаи, а со цел уредно затворање на финансиските картици кои УЈП ги води за обврзниците на РДТ (граѓани и фирми), ќе бидат објавени дополнителни информации на веб страницата на УЈП.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk