Повеќе од сигурен сум дека ќе победам на локалните избори, вели Димитриевски

27.04.2021 08:55 | KumanovoNews

Градоначалникот Куманово Максим Димитриевски, вели дека повеќе од сигурен е дека ќе победи на локалните избори, затоа што граѓаните на Куманово ја препознаваат неговата работата.

Повеќе од сигурен сум дека ќе победам на локалните избори, вели Димитриевски

„Планирам да победам на локалните избори и повеќе од сигурен сум дека ќе победам, бидејќи луѓето ја препознаваат мојата работа. Сакам да ја преземам и довршам улогата на некој вид на „хаусмајстор“ на градот“, истакна Димитриевски во Утрински брифинг.

Тој истакна дека Куманово со години наназад поприлично е запоставено во однос на капиталните инвестиции и сака да го реши најголемиот дел од комуналните проблеми со кои граѓаните се соочуваат.

„Мојата мисија е да им служам на кумановци и во секој момент имам право да го искажам своето мислење и видување за круцијалните и најважни прашања што се од државен или од национален интерес, бидејќи секогаш, во секој момент државниот и националниот интерес го ставам пред сѐ“, изјави Димитриевски.

Тој се заблагодари на граѓаните кои позитивно се изјасниле за наговата работа и се најде меѓу трите најдобри градоначалници во државата, а тоа же му биде мотив да продолжи со работата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk