Повеќе пари за згрижувачките семејства

31.01.2015 13:28 | KumanovoNews

Од јули годинава згрижувачките семејства ќе добиваат за 25 отсто повисок надомест.

Повеќе пари за згрижувачките семејства

Ова е регулирано со најновите измени на Законот за социјална заштита, со цел повеќе граѓани да се одлучат да станат згрижувачи. Ако згрижувач згрижил дете без родители и родителска грижа, надоместокот досега изнесуваше 6500 денари, а со зголемувањето истиот ќе изнесува  8125 денари. Доколку згрижувачот згрижил дете со воспитно-социјални проблеми на училишна возраст, надоместокот за згрижување досега изнесуваше 7500 денари, а со зголемувањето истиот ќе изнесува 9375 денари.

Ако згрижувачот чува лице со умерени и тешки пречки во  менталниот развој и лице упатено на оспособување за работно- производна активност, лице со најтешки пречки во менталниот развој, лице со трајна телесна попреченост, старо лице,  возрасно лице со телесна попреченост, како и возрасно лице со пречки во менталниот развој,  надоместокот за згрижување изнесуваше 8.500 денари, но со зголемувањето истиот ќе изнесува 10.625 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk