Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За претстојната грејна сезона 80 отсто од граѓаните веќе набавиле дрва за огрев.
Од шумско стопанство Куманово велат дека за оваа сезона имале резерви од 14.000 кубици дрва од кои 70 отсто се распродадени.
Побогатите граѓани обично први купуваат дрва за огрев, а останатите ќе купат 2 - 3 кубика и откако ќе ги потрошат, доаѓаат и пак купуваат иста количина. Ние сме подготвени во секое време да им помогнеме на граѓаните ако им требаат дрва. Најбарана е буката. За Куманово како град има доволно дрва, досега немало никакви проблеми и ние сме задоволни - рече Ваит Саити, директор на Шумско стопанство Куманово.
Тој објаснува дека запленетите дрва од дрвокрадци не ги продаваат, туку ги распределуваат по школи, институции како што ќе одлучи Владата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk