Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ЈП „Водовод“ информираат дека денеска, понеделник, ќе се работи на реконструкција и отстранување на дефекти на повеќе локации во градот, поради што на одредени места ќе има прекин во водоснабдувањето.
На крак од улицата „Трајко Прокопиев“, се реконструира дел од водоводната мрежа поради поголем број дефекти, како и девет приклучоци за објекти и околните приклучни улици. Работи ќе се изведуваат и на улицата „425“ во населбата Иго Тричковиќ, каде се врши приклучување на објект на водоводната мрежа.
Дефекти на водоводната мрежа ќе се санираат и на улиците „Анѓа Ранковиќ“ бр. 5 и „Славиша Вајнер“ бр. 18, додека на Филтер-станицата за вода ќе се врши сервисирање на затворач.
Испитување на водоводната мрежа за прецизно лоцирање на дефекти ќе се врши на улицата „1“ во населбата Карпош, како и на раскрсницата меѓу улиците „100“ и „149“ во истата населба.
(Фото. архива Кумановоњуз)
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk