Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово - градот првоборец, со повеќе манифестациии ќе го одбележи 11 Октомври - Денот на народното востание и Денот на борецот, како значаен датум од македонската историја и симбол на македонската борба за слобода.
Општински сојуз на спортови Куманово(ОССК) и спортските клубови ќе организираат повеќе спортски турнири и натпревари:
Од денеска до понеделник (09.10.-11.10.2021) ќе се одржи Турнир во тенис за деца до 14 години, во организација на
ОССК и ТУМБА тениски клуб Куманово. Натпреварите ќе се играат на тениските терени кај Градскиот базен секој ден од 09 до 17 часот.
Утре (недела) на aтлетскиот полигон на ОСТУ “Наце Буѓони”- Куманово, ќе се одржи традиционален Атлетски митинг „11 Октомври“ Куманово, кој го организира ОССК и Атлетски клуб Куманово. Турнирот е со почеток во 11 часот (за деца до 14 години), а официјална програма програма од 13.30 часот.
Во понеделник на 11 Октомври ќе има повеќе спортски активности, а ќе започнат во 10 часот со Турнир во ракомет на спортските терени во Соколана. Турнирот е во организација на ОССК и МРК Куманово.
Во 10.30 часот ќе се одржи Традиционален пинг понг турнир во училишната спортска сала на СОУ - Гимназија „Гоце Делчев”.
Во 12.00 часот ќе се одржи Велосипедска трка ТРОФЕЈ „11 Октомври“ во организација на ОССК и ВК ВЕЛО-М Куманово.
Почетокот на трката е пред спортска сала со кружно возење на релација „Октомвриска револуција” и „Трета МУБ”.
По повод Денот на востанието и Денот на борецот на Спомен костурница во 11 часот цвеќе ќе положат делагации од општината и земјата, а ќе има и пригодна културно-уметничка програма.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk