Повик на учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници 2019“

07.10.2019 08:11 | KumanovoNews

Кумановскиот музеј објавува повик за учество на академските уметници на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2019“, по повод 11 Ноември - Денот на ослободување на Куманово.

Повик на учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници 2019“

Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно ликовно дело, по можност неизложувано, од неговата најнова колекција.

Заедно со делото треба да бидат приложени и податоци од авторот, насловот и димензиите на делото.

Повикот е отворен до 10 октомври. Изложбата годинава ќе се реализира на 10 ноември, при што ќе биде испечатен и каталот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk